| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.03.2017

ФК Брегалница: Мечот со Победа не смее да се игра на Могила

Раководството на „сините“ и официјално побара од ФФМ неделниот дуел со Победа да не се игра на стадиончето на Могила

Штипскиот прволигаш упати официјално барање до ФФМ, во кое стои дека средбата од 24. коло меѓу Победа и Брегалница да не се игра на стадиончето на Могила во истоимената прилепска населба.
Во барањето покрај другото од таборот на „сините“ потенцираат...
 „Тој терен не ги исполнува условите  за одигрување прволигашки натпревари. Под такви услови прашање е како ќе се одигра таа средба која е од големо значење за двете екипи. Ако се земе в предвид фактот дека тој терен не е ограден според прописите, можат да се  случат несакани последици, при што публиката не може да се контролира. ФФМ треба да пресече. Натпреварите треба да се играат на терени кои одговараат на прописите во Првата лига“

       
      
      



Датум: 26.03.2017, 14:54
Статијата е прочитана 4283 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense