| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.05.2017

Преку шампионот до последниот воз

Брегалница мора да победи ако сака колку толку да има надеж за опстанок. Вардар, пак, веќе има голема предност и граби кон нова титула која што може да ја обезбеди веќе денеска

После долго време во Штип доаѓа тимот на Вардар. „Црвено-црните“ гостуваат во градот под Исарот по заверка на шампионската титула, а од друга страна против себе ќе имаат ранет противник, и тим кој што во неделата загуби три бода во последните мигови, три бода кои што можеа за нив да значат живот.
За Брегалница до крајот на сезоната секој натпревар е клучен. Тие мора да бркаат победи за да го фатат последниот воз, а како ќе се случи тоа против најтрофејниот и најдобар македонски тим? Можеби фактот што Вардар веќе има огромна предност ќе им значи нешто на штипјани, но и „црвено-црните“ ги сакаат бодовите од овој натпревар со цел што побрзо да стгинат до титулата која што можат да ја заверат во ова коло. За Брегалница ништо друго освен победа не доаѓа во предвид, но како? Ќе видиме денеска во Штип. Пораз ги оддалечува од тоа 8. место кое води во баражот, и преку него да се обезбедува останување во прволигашката конкуренција.

ВАРДАР МОЖЕ УШТЕ ДЕНЕСКА ДА СЛАВИ

Вардаровиот тим има прва „топка“ за освојување на титулата.  Тоа е можно доколку лидерот ги освои трите бода во Штип, а Шкендија загуби на гостувањето кај Победа во Прилеп. Во тој случај Вардар и дефинитивно ќе обезбеди нова титула. Но и да не се случи тоа, Вардар и натаму  е во одлична позиција, а од денешниот меч се посакува победа.
„Знаеме дека сме блиску до целта, до тоа прво место, меѓутоа одиме на победа на овој натпревар како и на сите други. Сакаме што побрзо да ја освоиме титулата, а тоа е можно само со бодови. Се надеваме дека уште денеска тоа ќе се случи, ако не, тогаш ќе чекаме до недела, но во секој случај очекувам до крајот на оваа недела веќе да имаме обезбедено нова титула. Против Брегалница имаме против себе тим кој ќе ги сака бодовите и кој ќе даде максимум, меѓутоа верувам дека на крајот ќе заминеме со три бода од овој меч“, вели играчот на Вардар, Дамир Којашевиќ.

ПМФЛ 31. КОЛО
РАСПОРЕД ДЕНЕСКА 16:00 ЧАСОТ

Брегалница - Вардар
Шкендија - Победа
Ренова - Шкупи
Работнички - Пелистер
Македонија ЃП - Силекс

ТАБЕЛА: 1. Вардар 71, Шкендија 59, Работнички 48, Пелистер 44, Ренова 42, Силекс 39, Шкупи 33, Победа 26, Брегалница 20, Македонија ЃП 19



Датум: 03.05.2017, 13:05
Статијата е прочитана 1479 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense