| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.12.2017

Палермо се подготвува, најде замена за Нестор

Тимот од Сицилија во јануарскиот преоден рок има план да го продаде својот најдобар голгетер, и затоа уште од сега најде негов наследник

Наследниот на Илија Несторовски во Палермо ќе биде романскиот интернационалец Георге Пушкаш. Младиот 21-годишен фудбалер кој што во моментов игра за Беневенто, се наоѓа пред потпис со тимот од Сицилија, што значи дека Палермо веќе се подготвува за продажба на својот најдобар голгетер.

За Несторовски има голем интерес, особено од Италија од тимовите на Фиорентина и на Торино. Торино се подготвува, пак, да го продаде Андреа Белоти, и од тука во Несторовски гледа идеална замена.

Останува да се види дали во престојниот преоден рок Палермо, конечно, ќе се одлучи за продажба на Несторовски



Датум: 14.12.2017, 10:57
Статијата е прочитана 2032 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense