| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.05.2017

ОДМАЗДАТА СЕ СЕРВИРА ЛАДНА: Ристовски и Жута со Риека ќе ја слават титулата на „Максимир“

Иако Риечани веќе денеска можат да ја освојат титулата со победа против Цибалија, сепак тимот на Ристовски и Жута сака славјето да биде кај лутиот ривал

Конечно, по 11 години доминација на Динамо Загреб, Риека успеа да го освои тронот во хрватската прва лига. Иако за официјална потврда за насловот Риечани треба денеска да ја победат Цибалија, сепак, славјето може полека да започне. На две кола пред крај, тимот на Стефан Ристовски и Леонард Жута имаат пет бода предност во однос на лутиот ривал од Загреб. Раководните луѓе на хрватскиот фудбалски сојуз им понудиле на лидерот денеска да ја направат прославата за титулата. Сепак, челниците на Риека ја одбиле оваа понуда со образложение дека сакаат да направат славје на „Максимир“, по мечот од последното коло против Динамо Загреб.



Датум: 21.05.2017, 11:08
Статијата е прочитана 2470 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense