| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.04.2017

Алиоски го „тресна“ и Тун

Продолжува голгетерската серија на Езџјан Алиоски. Нашиот интернационалец по хет-трикот против Сион минатото коло, предмалку го постигна и 14. гол сезонава во домашниот триумф против Тун, помагајќи Лугано да стигне до 2:1 победа

Алиоски ја потврди победата во второто полувреме откако домашните уште на стартот го „начнаа“ противникот. Алиоски на овие четиринаесет гола, има додаде и девет асистенции со што само ја дополни оваа за него импресивна сезона.
Лугано со ова дефинитивно се „одлепи“ од дното на табелата што беше приоритет пролетва, и со оглед на формата на тимот, а пред се на Алиоски сега ќе се бара место на табелата кое води во квалификациите во лигата на Европа.

 

 



Датум: 17.04.2017, 15:33
Статијата е прочитана 1390 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense