| контакт | маркетинг
КОШАРКА

01.02.2018

Блокотехна е „магнет“ за Американци од Пловдив

Шакир Смит е втор играч кој сезонава од Академик Пловдив прејде во гевгелискиот тим

Ако не можеш да ги победиш, придружи им се. Веројатно од оваа парола се водеа Седрик Боуен, а сега и Шакир Смит, двајца Американци кои во текот на сезонава го носеа дресот на Академик Бултекс од Пловдив, а сега се членови на гевгелиска Блокотехна.
Смит е плејмејкер, и доаѓа на местото на Џонатан Хадсон, кој беше отпуштен. Квалитетите на Смит му се добро познати на тренерот Марјан Илиевски, бидејќи тој на дуелот против Блокотехна, имаше 19 поени и по пет скока и асистенции.
В понеделник, Блокотехна го пречекува МЗТ Скопје во домашната лига, а в среда е домаќин токму на Академик Бултекс во рамките на БИБЛ.



Датум: 01.02.2018, 16:32
Статијата е прочитана 681 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense