| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.06.2017

Исени: Чувството е прекрасно кога ќе се даде гол на деби

Младиот фудбалер на шампионот се запиша во листата на стрелците на својот прв настап во дресот на шампионот.


На вчерашниот натпревар против Адмира, младиот Бесар Исени на своето деби успеа да постигне гол кој што ја најави победата на Вардар од 2:0 на крајот. Младиот фудбалер кој што дојде од Шкупи во овој преоден рок, веднаш ја искористи дадената шанса од страна на стручниот штаб на „црвено-црните“ и стрелаше во противничката мрежа.
„Секако дека сум среќен што добив шанса да настапам во првиот состав на Вардар. Среќен сум за дебито, за голот, за победата. Чувството е прекрасно кога ќе се даде гол на деби. Не мане останува да тренирам уште понапорно, да ја оправдам довербата, и секако посакувам да има уште голови и уште победи во дресот на Вардар“, рече Исени.



Датум: 22.06.2017, 13:08
Статијата е прочитана 2158 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense