| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.01.2017

Работнички утре се сели во Анталија

„Во Анталија нè очекува напорна работа, воигрувањето и подигањето на формата во нагорна линија ќе ни биде главна задача“, вели Виктор Треневски, шефот на струката на „романтичарите“

Од утре па до 6 следниот месец, Работнички ќе престојува во хотелот “Миркл Ресорт“ во Анталија каде ќе ја одработи главната фаза од тековните зимски подготовки за следната пролетна полусезона. Клубот од Градски парк по 12 пат во својата историја ќе се подготвува во познатиот спортско-туристички центар во Турција.
За сè она што ги очекува неговите фудбалери свој коментар има стратегот Виктор Треневски...
„Во Анталија нè чека напорна работа, тие десет дена навистина ќе бидат напорни за сите нас, а посебно за играчите. Покрај вообичаените тренинзи, секако дека ќе одиграме и неколку пријателски средби со силни ривали. Знам дека убаво е да се победува и на такви мечеви, но верувајте дека тоа нам нема да ни биде главен приоритет. Воигрувањето и подигањето на формата во нагорна линија ќе ни биде главна задача“, вели Треневски.

*Повеќе читајте во печатеното издание



Датум: 25.01.2017, 11:24
Статијата е прочитана 1103 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense